ФОТО: Принцот Луис позира пред фотоапаратот на Кејт Мидлтон

Најмалиот син на војвотката и војводата од Кембриџ, принцот Луис, денес наполни 3 години.



По тој повод семејството објави преслатка фотографија, која и овој пат е направена од неговата мајка Кејт Мидлтон. На неа малиот принц е фотографиран на црвен велосипед, на својот прв ден во градинка.

Принцот Вилијам и неговата сопруга создадоа традиција секоја година за родендените на нивните деца да објавуваат интересни фотографии од своите најмили. Двојката има три деца и тоа принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.04.2021 12:14:32