Серијата „How I Met Your Mother“ добива „женско“ продолжение

Серијата „How I Met Your Mother” наскоро ќе добие продолжение под наслов „Како го запознав татко ти“. Проектот е во продукција на „Hulu“, пренесува „Variety“.



Улогата на мајката Софи ќе ја глуми Хилари Даф. Таа овојпат ќе му кажува на својот син во серијата – како го запознала неговиот татко. Даф се пофали со тоа на Инстаграм.

– Имав среќа да добивам одлични улоги од почетокот на мојата кариера и едвај чекам да ја преземам улогата на Софи. Јас сум голема обожавателка на оваа серија и мило ми е што ми укажаа доверба да учествувам во снимањето на продолжението, вели Хилари.

Приказната на серијата почнува во 2021 година, со разговор околу „Tinder“ и слични апликации за познанства и дружење.

Извор:  МИА
Објавена на 22.04.2021 15:54:46