Футурама

Доверлив партнер за успешна и безбедна дигитализација

Процесот на дигитализација забрзано го зафати светот, регионот, но и нашата земја, којашто во одредени сегменти е и регионален лидер. Се дигитализираат институции, банки, компании, различни дејности и бизниси. Се дигитализираат процесите во јавната администрација, јавните услуги, општините, градовите... Започнат е процесот на дигитална трансформација на целото општество.



Повеќе не се поставува прашањето дали ни е потребна дигитализацијата или не, туку како и со кого таа ќе се спроведе. Притоа, прв приоритет е дигитализацијата да се темели на напредна, стабилна и докажана мрежна инфраструктура со висококвалитетна поддршка, обезбедена од доверлив партнер - партнер којшто ќе осигури работните процеси да се одвиваат по највисоки стандарди, обезбедувајќи дополнителна заштита и бекап на податоците, со имплементација на најнапредни сајбер безбедносни решенија и услуги за дигитална идентификација, особено денес кога се работи од дома, а физичката канцеларија е заменета со онлајн канцеларија.

Безбедноста на податоците е еден од најголемите предизвици во процесот на дигитализација

Податоците се најголемото богатство во дигиталната економија и општество и дефинитивно ќе вредат сè повеќе во иднина. Нивната соодветна употреба, заштита и безбедност се врвен приоритет. Заштитата на вработените и клиентите од можни хакерски напади и злоупотреби, како и заштитата на доверливите податоци и важните информации, се особено важен сегмент во процесот на дигитализација.

Со дигитализација бизнисите бележат поголеми приходи

„Дигитализацијата на бизнисите и процесите, доколку се спроведе онака како што треба, навистина може да донесе огромна општествена и економска промена и раст. Преку конкретни примери од светот можеме да видиме дека само врз основа на успешната примена на услугите на дигитална идентификација, земјите во развој може да сметаат на раст на БДП (бруто домашен производ) од 6-13% годишно, што е импозантно, особено за земја како нашата којашто раст над 10% би ја одвел со многу поголема брзина кон развиените европски економии”, смета Гоце Митевски – Главен комерцијален директор за деловни корисници во Македонски Телеком.

Македонски Телеком е предводник во дигитализацијата во нашето општество со модерна инфраструктура којашто овозможува целосна дигитализација и заштита на податоците, современи дигитални решенија и технологија којашто овозможува реализација на паметни градови, општини и региони, со која е лидер не само во земјава туку и во регионот. Дигитализацијата ќе овозможи да се максимизираат економските, граѓанските и еколошките придобивки, да се унапредат бизнисите, како и да живееме поедноставно, поеколошки, поквалитетно и побезбедно. Сѐ што е потребно е да се избере вистинскиот партнер.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 22.04.2021 12:57:02