Патрик Шварценегер: Татко ми постојано повторува – „I’ll be back”

Синот на австриско-американската акциона ѕвезда Арнолд Шварценегер – Патрик призна дека татко му во секоја прилика ја користел својата светски позната реченица од „Терминатор“ – „I’ll be back”.



Помалку познатиот актер гостуваше во „Шоуто на Кели Кларксон“ и водителката го праша токму за таа навика за татко му.

– Сите ме прашуваат… Постојано го прави тоа! …Ќе тргне накај врата, ќе се сврти и ќе рече – „I’ll be back“! Тато, не зафркавај!, вели Патрик низ шега и смеа.

Патрик Шварценегер е трето од четирите деца на Арнолд и Марија Шрајвер. Тој исто така е актер и годинава е актуелен со комедијата „Мокси“.

Извор:  МИА
Објавена на 16.04.2021 14:33:37