Зидан: Можеме да бидеме горди на нашите фудбалери

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по ремито со Ливерпул во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите (0:0) изјави дека сите во клубот можат да бидат горди на фудбалерите.



– Знаевме дека ќе мора да издржиме денес. На крајот го добивме она што го сакавме. Мислам дека добро се приспособивме на ситуацијата. Одолеавме на ураганот во Ливерпул и можеме да бидеме горди на нашиот учинок. Знаевме дека противникот ќе започне многу брзо да напаѓа. Во првите 15 минути, тој беше навистина многу добар. Но, тоа е нормално. Во четвртфиналето во Лигата на шампионите, понекогаш мора да се поставите и во дефанзива, изјави Зидан.

Во полуфиналето, Реал Мадрид ќе се соочи со Челзи на 27 април и на 4 мај.

Извор:  МИА
Објавена на 15.04.2021 10:53:08