Омнибус

Еколошки пловечки хотел може да произведува сопствена електрична енергија

Во последните години се појавуваат пловечки хотели низ целиот свет, а дестинациите како Дубаи и Катар се предводници со сè поиновативни и необични структури.



Новиот концепт на турскиот дизајнерски тим Hayri Atak Architectural Design Studio (HAADS) несомнено ќе биде најмодерниот хотел од овој тип.

Луксузниот хотелски дизајн, кој има 152 соби, освен што произведува сопствена електрична енергија, исто така собира и повторнo употребува дождовница и отпад од храна.

Усвојувајќи го мотото „минимална загуба на енергија и нула отпад“, тимот од HAADS соработуваше со бројни експерти, вклучително и инженери за изградба на бродови и архитекти, со цел да се смисли проектот, на кој се работи од март 2020 година.



Движењето на овој хотел ќе се контролира со динамичко позиционирање, компјутерски контролиран систем што се користи за одржување на положбата и насоката на бродовите, како и на проперелите.

Гостите најверојатно нема да доживеат вртоглавица, бидејќи потребни се 24 часа додека хотелот се сврти за цели 360 степени.

Според дизајнерите хотелот првично ќе биде со седиште во Катар, но исто така може да биде лоциран на било која локација каде што има соодветна струја.

Удобностите кои што ќе им бидат на располагање на гостите вклучуваат затворен и отворен базен, спа центар, теретана и мини терен за голф.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.04.2021 15:33:27