ВИДЕО: Премиера на новата HBO серија „Mare Of Easttown”

Новата HBO серија „Mare Of Easttown” премиерно ќе се прикаже на 19. април на HBO GO, а првата епизода на HBO каналот ќе се емитува истиот ден во 21 часот.



Добитничката на „Оскар“ и „Еми“, Кејт Винслет ја игра Мер Шихан, детективка од мало гратче во Пенсилванија која истражува локално убиство додека животот ѝ се руши околу неа. „Mare Of Easttown” е истражување на мрачната страна на тесно поврзаната заедница и автентично испитување на тоа како семејството и минатите трагедии ја обликуваат нашата сегашност.

Во серијата настапуваат и Џулиен Николсон во улогата на Лори Рос, најдобра другарка на Мер од детството, добитничката на три „Еми“ награди Џин Смарт како Хелен, мајката на Мер, Енгури Рајс ќе ја глуми ќерката на Мер, Ив Питерс ќе настапи во улогата на детектив Колин Забел кој ќе помага при истрагата, добитникот на „Еми“ Гај Пирс ќе го гледаме како Ричард Рајан, локален професор и Дејвид Денман ќе го игра поранешниот сопруг на Мер.

Во останатите улоги настапуваат Џо Типет, Кејли Спини, Џон Даглас Томпсон, Патрик Марни, Џејмс Мекарди, Соси Бејкон, Нил Хаф, Кејт Арингтон, Руби Круз, Ејса Дејвис, Инид Грахам, Џастин Хурт Данкли, Изи Кинг, Мекензи Лансинг, Камерон Ман, Кија Мекирнан, Ентони Норман, Дру Шид и Мадлин Вајнстин.

Автор и сценарист на серијата е Бред Инглесби кој се вратил во родната Пенсилванија за да ја напише приказната, а сите седум епизоди ги режираше Крег Зобел („Преостанати“, „Вестворлд“). Тие се и извршни продуценти заедно со Пол Ли, Марк Ројбал, Кејт Винслет, Гевин Оконор и Гордон Греј.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.04.2021 10:58:20