Facebook и Instagram не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека не можат да ги користат овие социјални мрежи, пренесува хрватски Индекс.
Причината за паѓањето на социјалните мрежи сè уште не е позната. Твитер функционираше непречено.
Проблемите започнаа нешто по 23 часот, кога падна страната на Facebook за голем број корисници. По полноќ ситуацијата се подобри, но сè уште има повремени проблеми.
Како што јави порталот Downdetector, пријавени се проблеми на повеќе континенти. Многу корисници воопшто не можеа да пристапат до оваа социјална мрежа, некои можеа само делумно да пристапат или требаше многу време да се вчита News feed.
Порталот посочува деказа кратко време беа забележани десетици илјади пријави. Околу 56 проценти од луѓето изјавиле дека воопшто не можат да пристапат до Facebook, 26 проценти од нив дека имаат проблем со најавување, а 16 проценти со News feed.