Снимањето на хит серијата ,,The Crown” продолжува во јули

Снимањето на петтата сезона на популарната серија на Нетфликс – ,,The Crown” ќе почне во јули оваа година, објави „Варајети“.



Во новата сезона, други актери ќе ги преземат улогите на кралското семејство. Ликот на принцезата Дијана ќе го глуми ѕвездата од филмот „Тенет“ – Елизабет Дебицки, принцот Чарлс – Доминик Вест, а кралицата Елизабета Втора – Имелда Стонтон. Улогата на принцезата Маргарет ќе ја преземе Лесли Манвил.

Продуцентите на серијата се надеваат дека состојбата со пандемијата на коронавирусот во Велика Британија ќе се стабилизира до јули. Но, тие секако планираат да снимаат придржувајќи се на строгите епидемиолошки правила. Првата сезона на серијата „The Crown” беше премиерно прикажана 2016 година. До 2020 година, на платформата Нетфликс имаше четири сезони.

Извор:  МИА
Објавена на 08.04.2021 15:53:08