Омнибус

ВИДЕО: По грешка уништиле слика вредна 500 илјади долари

Една двојка од Јужна Кореја ја направи грешката на својот живот, откако ненамерно уништи слика вредна 500 илјади долари.

Уметничкото дело, кое е изложено во една галерија во Сеул, сега е уништено бидејќи парот мислел дека станува збор за интерактивна уметност. Двојката беше уловена од безбедносните камери додека ги користи боите и четките оставени пред сликата мислејќи дека делото е од оние на кои посетителите на галеријата можат да остават свој печат.

-Веднаш ја повикавме полицијата и зборуваме со осигурителната компанија за оштетената слика. Ќе се обидеме да ја минимизираме казната по двојката која го вандализирала делото...Тие навистина мислеле дека им е дозволено да го направат тоа, како партиципативна уметност и со тоа направиле грешка, велат од галеријата.



Се уште не е познато дали ќе се направи обид за враќање на уметничкото дело во претходната состојба или пак сликарот кој што ја насликал сликата ќе ја изложува пред јавноста со новиот „детал“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 07.04.2021 11:16:46