Футурама

„LG“ е првиот голем производител на смартфони што се повлекува од пазарот

Јужнокорејската компанија „LG Electronics“ е првиот голем производител на паметни телефони што го затвора својот синџир на производство поради загуби, откако не најде нов сопственик.



Одлуката за повлекување ќе остави празни околу 10 отсто од пазарот во Северна Америка, каде што беше трет, а каде „Samsung Electronics“ и „Apple Inc.“ ќе се борат за тој дел од пазарот.

– Во САД, „LG“ целеше кон пазарот на уреди од средна и ниска класа и тоа значи дека „Samsung“, кој има поумерени цени од „Apple“, ќе биде во подобра позиција кај купувачите на „LG“, смета Ко Еуи-јанг – аналитичар во „High Investment and Securities “.

Одделението за паметни телефони на „LG“ забележа загуби од скоро 4,5 милијарди долари за шест години.

Напуштањето на ваков конкурентен пазар ќе му овозможи на „LG“ да се посвети на области како што се – делови за електромобили, паметни домови и слични системи и уреди, се вели во соопштението на компанијата.

Според познавачите, компанијата била потисната од недоволно знаење за спротивставувањето на новите кинески конкуренти. Тековниот глобален удел на LG е само два отсто. Оттаму лани лансираа 23 милиони паметни телефони на пазарот, додека Samsung пласираше 256 милиони уреди.

„LG“ ќе обезбедува поддршка и нови верзии на програмите за постојните корисници уште некое време.

Извор:  МИА
Објавена на 05.04.2021 12:55:41