Излечете ги болните синуси со рен

Kоренот од билката рен ќе ви ги излечи воспалените синуси на многу едноставен начин, кој се прави во домашни услови, преку инхалација и облоги.



Во народната медицина, ренот е одамна познат како лековита билка. Заради својот остар и лут вкус, но и етеричните масла кои ги содржи, ренот е многу баран корен. Негова главна состојка е гликозин синигринот, благодарение на која ренот се третира како лековито средство.

Дознајте и применете неколку проверени рецепти како ренот ги лечи синусите.

Инхалација за воспалени синуси

На загреана рингла покриена со алуминиумска фолија, ставете малку рендан рен. Покријте се преку глава со крпа и 5-10 минути вдишувајте го испарувањето, непосредно пред спиење.

Пецкањето кое ќе го почувствувате во носот пред да си легнете во кревет е знак на позитивното дејство на ренот.

Доколку веќе подолго време ве мачат синусите и не можете да спиете, а секретот од носот никако да престане, еве ви уште еден проверено добар рецепт.

Потребни состојки:

-стаклено шише или тегла од половина литар

-изрендан рен речиси до врвот на шишето

-вински оцет

Шишето со ренот дополнете го со винскиот оцет, затворете го да не ветрее и држете го така на собна температура 10-тина дена. Кога и да се сетите, протресете го шишето. Најрано после 7 дена, отворете го шишето и вдишувајте околу 5 минути. Трудете се да дишете длабоко. Потоа затворете го шишето и повторувајте ја постапката на секој час.

Навечер истурете малку од течноста на памучна ткаенина, држете ја барем 15-тина минути на челото и тилот. Идеално би било доколку можете да преноќите со облогите. Постапката повторувајте ја 5 до 7 дена најмногу.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.04.2021 15:12:06