Намаз од цвекло - здрав и идеален за црниот дроб

Цвеклото е намирница која е позната по своите лековити својства, а денес ви претставуваме рецепт за намаз, заради кој најблагодарен ќе ви биде црниот дроб.



Иако помислата на намаз од цвекло можеби не ви делува претерано вкусно, кога ќе го пробате ќе се уверите во спротивното, а неговите лековити својства, од друга страна, се неоспорни.

Имено, цвеклото е зеленчук преполн со нутритивни својства, растителни вланка, антиоксиданси и супстанци кои го продолжуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по тоа што го подобрува процесот на детоксикација.

Потребни состојки:

-2 цвекла со средна големина или 3 помали

-1 конзерва леблебии

-сок од 1 ½ лимон

-5 чешниња лук

-½ лажичка сол

-¼ шолја маслиново масло

-¼ шолја вода

Подготовка:

Во тенџерче прелијте го цвеклото со вода и варете го додека не се омекне, околу 40 минути. Откако ќе се свари, излупете го и исечкајте го на поголеми парчиња.

Ставете го цвеклото заедно со сите останати состојки во блендер, уклучете го и миксајте додека смесата не се претвори во кремаст намаз. Послужете го со чипс од зеленчук, оризови крекери или леб.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.04.2021 15:04:32