Пирс Броснан ќе ја има својата прва улога како суперхерој. Имено, актерот ќе ја толкува улогата на Doctor Fate (Судбина) во „Црниот Адам“ на продукциските куќи „DC“ и „New Line“ – филм со Двејн Џонсон во насловната улога.
Doctor Fate, со алтер-его Кент Нелсон, е основач на „Друштвото на праведните“ кој добива супермоќи преку „волшебниот шлем на судбината“. Другите улоги ќе ги глумат: Алдис Хоџ (како Хокман), Ноа Сентинео (Атом Смашер), Квинтеса Свиндел (Сајклон) и други.
„Црниот Адам“ е приказна за истоимениот антихерој, кој ќе го глуми Џонсон. Ликот првпат се појави во стриповите на DC во 1940-тите, како негативец заведен од својата моќ од третото илјадалетие.
Филмот е во режија на Жом Колет-Сера. Рори Хајнс и Сохраб Ноширвани го напишаа последниот нацрт на сценариото, а Адам Штикиел го напиша првичното сценарио. Пирс Броснан лани глумеше во комедијата „Евровизија“ на Вил Ферел.