Омнибус

Виена полека ги става во употреба фонтаните и јавните чешми

Со почетокот на пролетта, повеќе од 1.155 јавни фонтани и чешми ќе се активираат во главниот град на Австрија, Виена. Првата фонтана што е пуштена во употреба се наоѓа во центарот на градот – Шварценбергплац. Таа е исполнета со 520.000 литри изворска вода, а ноќе сјае во бои на виножитото.



Другите фонтани следователно се ставаат во функција, а на почетокот на април ќе се отворат и фонтаните во парковите и на детските игралишта. Подвижните фонтани, наречени „Брунхилде“, се дел од иницијативата за разладување во градот.

Градот Виена е целосно снабден со изворска вода од Алпите, која стигнува до градот преку подземни водоводни цевки. А пак, гравитационата енергија долж водоводните цевки се користи за производство на електрична енергија.

Извор:  МИА
Објавена на 24.03.2021 15:51:43