Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

На 8 март започна новиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge за сите филмофили и љубители на инди киното, а ќе трае до 17 мај. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на црвениот тепих во Кан, на Канскиот Филмски Фестивал 2021.



Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.

Предизвикот бара од учесниците во временски периот од 10 недели, да изгледат 10 европски филмови на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи.

Љубителите на филмот можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/, а исто така постојано да ги следат социјалните медиуми, Facebook и Instagram и да уживаат во неделите кои следуваат, со многу нови и стари европски филмски остварувања, препораки, содржина од зад камерите и игри. Секој внесен филм на платформата на учесникот во предизвикот му носи различни поени. Своето искуство, учесниците треба да го споделат со фотографија од својот билет, или со фотогарфија како гледаат филм дома, сами, со најблиските или со друштвото. Фотографиите треба да ги споделат на социјалните мрежи под хаштагот #EuropeanFilmChallenge, со што стануваат поенцијални победници на овој предизвик. На крај учесникот со најголем број поени ќе добие можност да ја доживее еуфоријата на Канскиот Фестивал.

Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански филмски фестивал и Венеција филм фестивал.

Проектот во Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во 9 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- Креативна Европа и Европската филмска индустрија.

Ќе играме? #EuropeanFilmChallenge

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 23.03.2021 13:25:00