Футурама

Астероид помина на два милиона километри од Земјата

Астероид со дијаметар од околу 900 метри помина на два милиона километри покрај Земјата, објави американската вселенска агенција НАСА.



Растојанието на астероидот е петпати поголемо од Земја-Месечина, но тоа е доволно блиску за да може да се смета за „потенцијално опасно“. Астероидот „2001-ФО-32“ беше најблиску до Земјата вчера околу 14:00 часот по Гринич.

Според НАСА, астероидот се движел со брзина од 124.000 километри на час.

Проучување на астероиди и комети кои се приближуваат до Земјата им овозможува на научниците подобро разбирање за Сончевиот Систем.

Извор:  МИА
Објавена на 22.03.2021 13:15:22