Хермес лансира мицелиумска верзија на класичната торба ,,Викторија”

Француската модна куќа „Хермес“ претстави нова патничка торба „Викторија“. Таа е направена од еколошкиот материјал наречен „Силванија“ што изгледа како кожа.



Модниот бренд „Хермес“ претходно најави соработка со компанијата „MycoWorks“, што го создаде материјалот, што не е од животинско потекло, ниту пак, е пластика. „Силванија“ е изработен од мицелиум – мрежа од корени од габи, а наликува на кожа, според своите својства и изглед.

Новиот модел на патната торба „Викторија“ е изработен од овој иновативен материјал и ќе изгледа како производ од телешка кожа со боја на килибар. Цената засега не е позната, а ќе се најде во продажба до крајот на 2021 година.

Извор:  МИА
Објавена на 18.03.2021 15:20:07