„Астон Мартин“ најави производство на електромобили од 2025 година

Автомобилската компанија „Aston Martin Lagonda Global Holdings Plc “ од Велика Британија, ги најави своите први електрични автомобили во 2025 година, изјави најголемиот акционер на компанијата, во интервјуто за „Financial Times“ кое денеска беше објавено.



Претседателот на одборот, Лоренс Строл изјави дека спортскиот електромобил ќе се произведува во погони во Англија и во Велс. Канадскиот милијардер вложил 535 милиони фунти за да ја спаси компанијата за време на корона-кризата во 2020 година. Така, сега тој има 22 отсто од акциите, според податоците од агенцијата Блумберг.

„Мерцедес-Бенц“ можеби ќе произведува батерии за електромобилите, вели Строл, иако британскиот бренд сѐ уште разгледува и други понуди.

Со ова, се чини, по Брегзит, Велика Британија има намера да се бори за водечка улога во производството на електрични возила, планирајќи и да забрани продажба на нови бензински и дизел-возила до 2030 година.

Извор:  МИА
Објавена на 08.03.2021 14:47:56