Раперот David Black прашува „Зашо“

Поранешниот јутјубер и рапер Давид Радичевски познат како David Black се враќа на македонската музичка сцена спремен како никогаш досега.



Пред неколку дена ја извади својата прва песна после големата пауза со наслов „Зашо" која доби и свој видео запис на Јутјуб, а наскоро ќе биде поставена на сите музички платформи ширум светот.

Како и претходно намерата е да продолжи низ стихови да ги претставува неговите и животните искуства на младите во нашата земја и да го отвори патот на сите тие млади таленти кои прават музика на свој начин.

Наскоро ќе го престави и својот втор сингл од новиот албум.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.03.2021 11:44:05