Ристе Ристески со емотивна изведба на „Место на злосторот“

Победникот на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и ексклузивец на продукцијата „Гранд“, Ристе Ристески ги изненади своите фанови со нови музички видеа кои ги снима во домашна атмосфера.



Прва песна која ја отпеа во низата е „Као у сну“ од Тони Цетински, па продолжи со големиот хит „Место на злосторот“ од нашата непреболена легенда Тоше Проески, но доколку го следите неговиот Инстаграм профил многу наскоро ќе слушнете уште неколку големи хитови во негова изведба.

Што се однесува до авторскиот материјал, Ристески веќе има готови студиски песни на македонски и српски јазик чие објавување беше одложено поради светската пандемија предизвикана од новиот корона-вирус.

По одложувањето на авторскиот материјал, пејачот замина во медиумска илегала и не објавуваше нови материјали на своите профили на социјалните мрежи се до почетокот на годинава кога сподели фотографии од својот одмор на преубавиот Копаоник каде уживаше две недели.

Во продолжение уживајте неговата емотивна изведба на песната „Место на злосторот“.

View this post on Instagram

A post shared by Riste Risteski (@riste_risteski)

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.03.2021 11:39:14