Ентони Хопкинс откри зошто некогаш бил зависник од алкохол

Актерот Ентони Хопкинс во младоста пиел многу и како што вели самиот – западнал во проблеми. Во разговор за „Сандеј тајмс“, признава дека жали за тоа, но дека не може да го промени минатото.



Според неговите кажувања, тој пиел бидејќи „се чувствувал виновен и длабоко се срамел од својата среќа во глумата“. Сепак, поминаа над 45 години откако оскаровецот е трезен. Гледајќи наназад на почетоците на неговата кариера, Хопкинс се присети на едно време кога мислел дека пиењето е „прекрасен начин за одјава“ од денот и обврските од него.

– Затоа и пиев. Имав чудни судири во себе. Не се чувствував добро во мојата кожата. Се чувствував виновен и засрамен, мислев дека не сум достоен за среќата што ја имав како актер, вели Ентони Хопкинс (83).

Оскаровецот и самиот признава дека често се опивал „до смрт“, но вели и дека не пробал ниту капка алкохол од 1975 година наваму.

– Кога побарав помош и сфатив дека не сум сам – дека има илјада луѓе како мене, сите мои стравови почнаа да исчезнуваат. Готово беше со пијанството. Оттогаш мојот живот се подобри… Решив дека сакам да живеам. Одеднаш дојде олеснувањето и мојот живот беше неверојатен!, рече актерот.

Извор:  МИА
Објавена на 03.03.2021 15:36:18