Вил Смит размислува да се кандидира за претседател на САД

Актерот Вил Смит во последото свое инервју, изјави дека размислува да се кандидира за претседател на САД, во одреден миг од својот живот.



Иако е успешен актер, со бројни холивудски наслови, можеби би сакал да се сврти кон политиката, како што тоа го направи раперот Каније Вест во 2020 година. Односно, и Вил Смит не ја исклучува можноста за тоа. Прашан – дали размислува да се „пресели“ во Белата куќа, актерот се насмеа…

– Ќе почекам прво да ја исчистат, а потоа ќе почнам да размислувам за тоа, рече Смит.

Тој се смета себеси за човек кој има силен став, оптимист, полн надеж и разбирање за луѓето и верува во хармонија.

– Се обидувам да направам сѐ што е во моја моќ, дали како уметник или во „плитката арена“, да се постигне тоа, рече тој.

Извор:  МИА
Објавена на 02.03.2021 11:37:21