Актерката Бела Торн, поранешна ѕвезда на „Дизни“, ја нападна продукциска куќа поради стандардите што таа, наводно, им ги наметнува на децата.
– Тешко е да се биде совршен во очите на Дизни. И затоа мислам дека не е во ред тоа што „Дизни“ им покажува на децата дека сѐ е толку совршено, рече таа за „Фокс њуз“.
Таа натаму додава дека тоа е многу тешко да се постигне, барем за неа.
Актерката се прослави со хитот на „Shake it up“ , заедно со Зендеја, но изгледа дека таа повеќе не ја поддржува филмската куќа што ја претстави пред светот.
– Кога растат, децата не треба да гледаат во совршени луѓе. Тие треба да ја видат реалноста. Треба да ги видат различностите, шаренилото!, додаде таа.