Ред Бул го претстави болидот за новата сезона

Тимот Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, објавено е на Твитерот на Формула 1.Болидот ќе го носи името „RB16B“.


Надворешно, автомобилот не се разликува многу од неговиот претходник, но новиот има поразработена површина на странични дефлектори и покомпактен заден дел.

Исто така на автомобилот сега има банери на спонзори кои дојдоа во Ред Бул со доаѓањето на Серхио Перез. Новата сеззона во Формула 1 шампионатот ќе стартува на 28 март со трката за Големата награда на Бахреин.

Извор:  МИА
Објавена на 23.02.2021 13:15:48