Пирло: Јувентус до крај ќе се бори со Интер за шампионската титула

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, по синоќешната победа (3:0) против Кротоне на натпреварот од 23. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, најави борба за титулата до самиот крај.



– Можеби последните порази не натераа малку да се изнервираме. Стартот на мечот со Кротоне не беше најдобар, но потоа дадовме голови. Беше важно да се освојат трите бода. Ќе се бориме за трофејот со Интер до самиот крај на првенството, изјави Пирло.

По овој натпревар, Јувентус со 45 поени се наоѓа на третото место во поредокот во Серија А, осум помалку од лидерот Интер, но и натпревар помалку. Втор е Милан со 49 бода.

Кротоне со 12 поени е на последната, 20-та позиција.

Извор:  МИА
Објавена на 23.02.2021 11:55:08