Разголената Ријана ги налути хиндусите

Пејачката, актерка и модна дизајнерка Ријана со полугола слика од себеси, пред неколку дена на Инстаграм и Твитер претстави боксерки од новата линија на брендот „Севиџ икс Фенти“. Таа тука на себе има само обетки, два ѓердана, прстен, нараквица, боксерки и своите тетоважи.



Сепак, една подробност особено налути многумина нејзините следачи од Индија. На еден од ѓерданите виси медаљон со ликот на хинду богот Ганеш.

-Дали може да престанеме да ја сексуализираме религијата на луѓето заради внимание!? Јас едноставно не ја разбирам – целта да носам ѓердан со богот Ганеша како дел од кампања за долна облека, гласи еден од многуте коментари предизвикани од сликата.

Објавата на Твитер доосега собра повеќе од 345.000 допаѓања и над 40.000 споделувања. А, ова не е првпат пејачката да биде обвинувана за непочитување на верска и етничка основа поради своите провокативни кампањи.

Извор:  МИА
Објавена на 19.02.2021 14:10:57