Футурама

„SpaceX“ лансира ракета носач со 60 микросателити

SpaceX лансираше ракета носач Фалкон 9 со 60 микросателити Старлинк. Лансирањето беше пренесувано во живо на веб-страницата на приватната американска компанија на Илон Маск.



Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Фалкон 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, но овој пат SpaceX не успеа да го врати на специјално дизајнираната пловечка платформа.

Лансирањето беше закажано за в недела, но беше одложено за еден ден поради неповолни временски услови.

Проектот Старлинк на SpaceX е мрежа на сателити во орбитата за да се обезбеди пристап до интернет. Пуштањето во употреба на вкупно 11.000 микросателити ќе чини 10 милијарди долари.

Извор:  МИА
Објавена на 16.02.2021 12:55:51