Хари и Меган наскоро со ексклузивно интервју со Опра Винфри

Британскиот принц Хари и неговата сопруга ,Меган Маркл, ќе го прекинат молкот за нивното заминување од Бакингемската палата во интервју коешто ќе биде прикажано во емисија на познатата американска ТВ-ѕвезда Опра Винфри следниот месец.



Хари и Меган, кои завчера објавија дека очекуваат уште едно дете, минатата година ја изненадија јавноста и кралското семејство кога објавија дека планираат да го напуштат животот во Лондон.

Двојката потоа се пресели во Калифорнија со својот син Арчи и потпиша повеќегодишен договор со Нетфликс, којшто во голема мера ги поддржува нивните планови за живот независно од кралското семејство.

Извор:  МИА
Објавена на 16.02.2021 12:25:05