Ешли Џад преживеa тешка повреда во Африка

Американската актерка Ешли Џад за малку ќе ја загубела ногата на своето патување во Конго. Преживеала 55-часовна голгота, додека да биде оперирана, но сега е добро и успешно заздравува.

– Почувствував и знаев дека се крши… Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа, рече таа во интернет-интервју за „Њујорк тајмс“. Џад паднала од дрво и лежела во дождовната шума во Афика „со лошо повредена нога“ пет часа во агонија од болката.

– Откако една колешка од кампот пристигна да ги поднамести коските, моите „браќа од Конго“ ме однесоа од дождовната шума во импровизирана лежалка и тоа траеше час и половина, додава таа.

Ноќта ја минала во колиба пред да замине во главниот град Киншаса со мал авион. Џад останала таму 24 часа и на крајот ја префрлиле во Јужна Африка заради натамошна лекарска помош.

-Јас сум жена на пустелијата, како што знаете… Вакви несреќи се очекуваат, напиша таа на Инстаграм.

Извор:  МИА
Објавена на 15.02.2021 14:51:53