Џина Карано отпуштена од „The Mandalorian“ поради несоодветни објави на социјалните медиуми

Актерката Џина Карано е отпуштена од ТВ-проектот „The Mandalorian“ поради објави на социјалните медиуми, како што соопшти продукциската куќа „Лукасфилм“.



– Џина Карано во овој миг не е вработена во „Лукасфилм“ и немаме планови со неа во иднина. Како и да е, нејзините објави на социјалните мрежи кои ги оцрнуваат луѓето врз основа на нивниот културен и религиозен идентитет се грозни и неприфатливи, изјави гласноговорникот на продукциската компанија за списанието„Рап“.

Имено, актерката објавувала свои погледи околу холокаустот, полупропагандни пораки за неносење маски, како и лажни вести за изборите во САД. Карано лани глумеше во седум епизоди од серијата „The Mandalorian“.

Извор:  МИА
Објавена на 11.02.2021 11:50:42