Истражување: Жените се повеќе време посветуваат на видеоигрите

Кога станува збор за видео игрите, преовладува мислењето дека мажите се оние кои најчесто уживаат во нив. Сепак, сега и 41 отсто од жените признаваат дека сакаат видеоигри, но не толку на конзоли или компјутери, туку најмногу на паметните телефони.



Како што објави британски „Мирор“, истражување во коешто учествувале 2.000 луѓе открива дека просечен гејмер е семеен човек, со куќа или стан и заработува 40.000 фунти (45.000 евра) годишно. И покрај тоа што, „традиционално“, мажите се тие кои претпочитаат видеоигри, како што се „Call of Duty“ или „Fortnight“, сега и жените сѐ повеќе се нарекуваат „гејмерки“, иако своите омилени видеоигри најмногу ги играат на телефони.

Мажите сакаат спортски и игри со оружје, а жените претпочитаат стратегија и загатки. Но, и тие минуваат скоро исто време пред екранот.

Извор:  МИА
Објавена на 11.02.2021 11:56:05