Елтон Џон и Мајкл Кејн во реклама за охрабрување на вакцинацијата против Ковид-19
Двајца од можеби најпознатите британски уметници, пејачот Елтон Џон и актерот Мајкл Кејн ги здружија силите за комична реклама, со цел охрабрување на своите обожаватели да се вакцинираат против Ковид-19.
Во рекламата Џон, го пародизира својот раскошен углед, а Кејн се потсмева сам на себе повторувајќи го славниот слоган што го користат безброј негови имитатори – „Не многу луѓе го знаат тоа“…
Велика Британија досега ги достави првите дози на вакцината на повеќе од 12,6 милиони луѓе и е на добар пат, до 15 февруари да ја постигне целта од 15 милиони вакцинирани од четирите главни приоритетни групи – вклучително и оние луѓе над 70 години.
Сепак, постои загриженост дека некои луѓе ќе избегнуваат вакцина поради дезинформациите и теориите на заговор. Во рекламниот спот, Елтон Џон се преправа дека е на аудиција за улога во рекламата. Жирито притоа го критикува за неговите актерски способности и дека бил „премногу шоубиз“, а пејачот потоа го имитира Кејн. Потоа ги убедува дека ја примил вакцината, па запева една од неговите хит-песни, „I’m Still Standing” на што режисерот му вели дека ќе му се јават.
Извор: МИА
Објавена на 10.02.2021 17:08:29