Џеред Лето повторно во улогата на негативецот Џокер

Режисерот Зек Снајдер на Инстаграм објави слики од новиот Џокер. Со тоа, и пошироката јавност дозна дека Џеред Лето повторно ќе го глуми овој веќе легендарен негативец.



Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016та, но не и во годинешниот втор дел. Наместо тоа, тој глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата“ што е во постпродукција и прикажувањето е закажано за 18 март.

Според објавените фотографии, Џокер повторно ќе има долга коса, препознатливото избелено лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела тоалета, што е новост.

-Кул моментот на сцената е во тоа што Џокерот зборува директно со Бетмен за Бетмен. Тој го анализира Бетмен, кој е тој и што е тој, објаснува Снајдер.

Извор:  МИА
Објавена на 10.02.2021 16:06:27