Омнибус

Од играчка-плачка: Си направила фризура со суперлепило, па сега сака да поднесе тужба

Инфлуенсерката Тесика Браун се прослави на интернет откако објави дека, поради недостаток на спреј, „си направила“ фризура со суперлепило. Сепак, нејзиниот мал експеримент заврши лошо, па сега веќе месец дена не може да го отстрани лепилото од главата.



Тесика завршила и во амбуланта, а сега сака да го тужи производителот на суперлепилото затоа што не напишал дека тоа не се користи за коса.

На упатството на суперлепилото се наведува дека тоа е наменето за употреба на дрво, пластика, но не и за коса.



Има и јасно предупредување на производот дека не смее да се нанесе на кожата и очите. Тесика поминала 22 часа во болница. Таму се обиделе да ѝ го отстранат лепилото со ацетон, но тоа ѝ го изгорело скалпот, па сега таа е бесна и се подготвува за тужба.

Извор:  МИА
Објавена на 09.02.2021 13:10:07