Сeлма Хајек: Сите ме пензионираа пред време

Во последното интервју, говорејќи за својата кариера, Сeлма Хајек се пофали дека ги победила предвидувањата дека нејзината возраст и националност ќе „ја пензионираат“ предвреме како актерка.



– Ми велеа дека мојата кариера „ќе умре“ во средината на 30-тите години од мојот живот. Тоа ќе било, пред сѐ поради тоа што сум Мексиканка и никако нема да успеам, затоа што тоа време било такво, па новите генерации – демек, било невозможно Мексиканка да има водечка улога во Холивуд, раскажува Хајек.

Таа во овој миг е среде шестата деценија од животот и има ангажмани во неколку филмови. Моментно е актуелна со новата љубовна драма „Благослов“ (Bliss) со Овен Вилсон во другата главна улога.

– Се чинеше дека тоа не е реално – посебно поради оваа чудна нова нормалност и реалност. Но, и времето е друго. Среќна сум што триумфирав во предизвикувачка индустрија, додава таа.

Хајек зборуваше за уцените и заканите од осудениот сексуален напасник, продуцентот Харви Вајнстин, па за својот среќен брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино, нивната 13-годишна ќерка Валентина итн.

Извор:  МИА
Објавена на 08.02.2021 12:54:22