Запрено снимањето на „Fantastic Beasts 3“

Снимањето на третиот дел од филмот „Fantastic Beasts 3“ во Хертфордшир, Англија, беше запрено по позитивен корона-тест на член на тимот, објави „Daily Mail“.



„Warner Bros“ сѐ уште не соопштуваат за тоа кој е заразен, но работата на филмот е стопирана и не се знае кога ќе продолжи. Гласините говорат дека човекот е еден од актерите. Во филмот глумат Џуд Ло, Медс Микелсен, Еди Редмајн…

Гласините велат дека пациентот најверојатно има јужноафриканска мутација на коронавирусот. Британските власти оваа недела објавија дека 11 лица се заразени со јужноафриканската варијација на новиот коронавирус, а некои од нив се од Хертфордшир. Се верува дека таа е поотпорна на постојните вакцини.

Извор:  МИА
Објавена на 04.02.2021 11:47:36