„Nike Go FlyEase”: Патики кои се облекуваат на наједноставниот можен начин
Компанијата „Nike“ во продажба ќе пушти тн. „hands free“ патики, коишто се облекуваат како влечки, без употреба на рацете.
По изглед, новите спортски обувки нема да се разликуваат од традиционалните. Но, внатре во нив лежи клучот. Среде патиката има механизам што прави обувката да се витка, при што ногата ќе може лесно да се стави во неа. Потоа, патиката веднаш се исправа.
Називот на новите патики е „ Nike Go FlyEase”. Ќе бидат достапни во три комбинации – бела и зелена, бела и црвена и – бела и сина боја. Ќе се најдат во продажба од 15 февруари и цената ќе изнесува 120 американски долари (100 евра).
Извор: МИА
Објавена на 03.02.2021 16:51:09