Sвездата на „50 нијанси сиво“ откри дека цел живот се бори со депресија

Американската актерка Дакота Џонсон, која се прослави со улогата на Анастасија Стил во филмот „50 нијанси сиво“ искрено проговори за нејзината долгогодишна борба со депресијата.

Дакота е ќерка на познатите актери-ветерани Дон Џонсон и Мелани Грифит. Во ТВ-емисијата на Дру Баримор, таа открива дека уште на 14-годишна возраст била на психотерапија поради нејзиниот проблем.

-Веројатно ќе треба да одам на терапија до крајот на мојот живот, но тоа е добро затоа што учењето за еден човек никогаш не престанува. Благодарна сум ѝ на психологијата затоа што тоа навистина ми помага. Јас сум среќна што сум опкружена со луѓе кои постојано ме поттикнуваат да се отворам кон светот, да ги разберам своите проблеми и да се истражувам себеси подлабоко, вели младата актерка.

Дакота вели и дека за време на карантинот поради пандемијата, интензивно ѝ се посветила и на интернет-психологијата за да се справи со својата депресија.

Актерката во моментот е актуелна со новиот филм „Наш пријател“, во кој глуми заедно со Кејси Афлек.

Извор:  МИА
Објавена на 01.02.2021 15:45:02