Тhe Walking Dead: Ако не сакате хомосексуалци, отследете нѐ
Новата ТВ-серија под наслов Тhe Walking Dead: World Beyond, доби доста критики затоа што двајца од главните ликови се хомосексуалци. Продуцентите на Твитер ги повикаа критикувачите да не ја гледаат серијата.
-Ако ЛГБТ ликовите на телевизија (или каде било) ви се непријатни или ве лутат, ве молиме отследете нѐ. Во истовреме, ние ве охрабруваме да погледнете во себе и да бидете поотворени за прифаќање на различностите. Знајте дека нема место, меѓу нашите обожаватели, за омраза, дискриминација или пак, за свесно незнаење“, се вели во објавата.
Во серијата која е своевидно продолжение на оригиналната „Тhe Walking Dead“, двајца од хероите се полицаецот Феликс Карлучи (Нико Торторела) и неговото момче Вил Кемпбел, кој го глуми актерот од Бродвеј, Џелани Аладин.
Извор: МИА
Објавена на 28.01.2021 13:52:02