8 знаци на стрес за кои не сме свесни

Повремениот „лудачки понеделник“ е вообичаен ефект од модерниот начин на живот, но ако сте под хроничен стрес, симптомите може да бидат многу посуптилни.

Експертите препорачуваат дека доколку имате било кои од следните симптоми, секој ден да одвоите малку време за опуштање, без оглед на тоа дали се работи за шетање или исклучување на мобилниот телефон.

1.Главоболки за време на викендот



Ненадејниот пад на стресот може да предизвика мигрена, затоа во случај да ве мачи главоболка за време на викендот, држете се до вообичаениот распоред на спиење и јадење за да го поштедите организмот од дополнителен стрес.

2.Силни менструални болки

Една студија спроведена на Харвард покажала дека жените кои се под голем стрес имаат двојно повеќе шанси за болна менструација за разлика од оние кои се поопуштени. Истражувачите за тоа ја обвинуваат хормоналната нерамнотежа предизвикана од стрес. Болките и стресот можете успешно да ги намалите со вежбање.

3.Болна вилица

Болната вилица може да биде знак на шкрипење на забите (бруксизам), што обично се случува за време на спиењето, а може да се влоши додека сте под стрес. Прашајте го вашиот стоматолог за можна превенција, како на пример заштитна фолија.

4.Чудни соништа



Соновите кај луѓето најчесто се позитивни и ни го подобруваат расположението кога се будиме. Но, кога сме под стес почесто се будиме и го прекинуваме тој позитивен процес, заради што во текот на целата ноќ низ главата ни се вртат непријатни слики. Тоа може да се спречи со добри навики на спиење, што значи да спиете од седум до осум часа преку ноќ, како и избегнување на кафе и алкохол пред спиење.

5.Крварење на гингивата

Според истражувањата на бразлиските научници, луѓето кои се под стрес имаат поголем ризик за болни непца. Хронично зголеменото ниво на хормонот на стрес, кортизолот, може да го наруши имунолошкиот систем и да им овозможи на бактериите напад на забното месо. Освен редовна хигиена, устата можете да ја заштитите и со вежбање, како и со често одморање и опуштање, односно намалување на стресот.

6.Потреба за благо

Немојте веднаш да ги кривите вашите женски хормони заради желбата за слатки – веројатниот причинител за тоа е стресот. Одредени истражувања покажале дека жените после менопауза имале речиси иста потреба за благо, што доведува до заклучок дека веројатниот виновник е стресот или некој друг фактор.

7.Алергии посилни од вообичаено



Експериментот на медицинскиот факултет во Охајо покажал дека луѓето кои патат од алергја покажувале поголеми симптоми на истата после тест за анксиозност, споредувајќи го тоа со извршување на задача во која не се чувствувале пријатно. Хормоните на стрес можат да стимулираат производство на протеини во крвта кои предизвикуваат алергиски реакции.

8.Болки во стомакот

Тегобите и стресот можат да предизвикаат болки во стомакот, заедно со главоболка, болки во грбот и несоница. Едно истражување покажало дека оние кои имаат повисоко ниво на стрес три пати почесто имаат болки во стомакот. Иако врската сеуште не е разјаснета, една теорија сугерира дека цревата и мозокот делат исти нервни патеки, па кога мозокот реагира на стрес и цревата добиваат ист сигнал.

Заради таа поврзаност, луѓето кои имаат проблеми со стомакот би можеле да ги решат истите доколку го стават стресот под контрола со помош на психолог, медитација или вежбање. Во секој случај, ако често ви се јавуваат болки во стомакот, посетете го лекарот за да се осигурате дека причината не лежи во можните алергии на храна, интолеранција на лактоза, чир и сл.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.01.2021 16:58:10