Повторно одложена премиерата на новиот Џејмс Бонд филм

Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм – No Time to Die, e повторно одложенo – овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година.

Последното појавување на Даниел Крег како агентот 007 првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложен неколкупати. Прво поради промена на режисерот, а потоа и поради коронавирусот. И низа други филмови се одложени поради пандемијата.

„Warner Bros“ претходно веќе еднаш најави планови за интернет-премиери на сите свои филмови во 2021 година во истовреме како и во киносалите на САД. Сепак, креаторите на No Time to Die во моментот ја исклучуваат можноста филмот да биде првично објавен на некоја стрим-платформа. Гласноговорик на „Metro Golden Mayer“ за списанието „Variety“ во октомври изјави дека студиото сака „да го зачува киноискуството“ за обожавателите на „Џејмс Бонд“ филмовите.

Извор:  МИА
Објавена на 22.01.2021 15:16:35