Корона-мода: Блузони со маска

Пандемијата на коронавирусот, меѓу другото, влијае и на модната индустрија. Последниве неколку месеци, видовме бројни брендови кои излегоа со уникатни дизајнерски маски…



Најновиот моден тренд е маска „пришиена“ на облеката, како додаток. Модниот бренд ,,PrettyLittleThing” пушти во продажба блузон со качулка и тој оди со маска зашиена околу вратот.

Достапен е во сива и црна боја и чини 16 фунти. На својата интернет-страница, брендот појасни дека маската не е медицинска заштита на лицето.



-Имајте на ум дека овој блузон не е заштитна маска. ,,PrettyLittleThing” не гарантира медицинска заштита од овој блузон. Затоа, ве замолуваме да продолжите да ги следите и практикувате сите релевантни упатства за социјална оддалеченост, се наведува во описот.

Пред тоа, брендот дизајнираше и фустан кој содржи вградена маска. Манекенката Лоти Мос беше забележана како носи таков фустан во септември во Лондон.

Извор:  МИА
Објавена на 20.01.2021 12:31:06