Роби Вилијамс во карантин – позитивен на Ковид-19

Светски познатиот поп-пејач Роби Вилијамс (46) е во карантин откако се заразил со коронавирусот, објави „Дејли мејл“.



Пејачот на крајот на минатата година замина на Карибите со неговата сопруга Ајда Филд и нивните четири деца, па сега одлучи да го продолжи престојот на островот Сент Бартелеми, каде што изнајмуваат вила која чини 120.000 евра неделно.

Вилијамс ќе остане во карантин 14 дена, а неговите претставници за печатот одбија коментар на оваа тема.

Извор:  МИА
Објавена на 20.01.2021 12:13:54