Бобан Николов потпишува за Лече

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ќе биде нов член на италијанскиот фудбалски клуб Лече, објави денеска „Калчомеркато“.

Според истиот извор, 26-годишниот македонски играч за врска веќе е во Италија на задолжителни медицински прегледи пред официјализирање на соработката со Лече.

Екипата од југот на Италија минатата сезона испадна во последното коло од италијанската Прва лига, а сезона по 18 натпревари во Серија Б е на петтото место со осум бодови помалку од лидерот Емполи.

Николов во 2017 година премина од Вардар во унгарскиот прволигаш МОЛ Види.

Извор:  МИА
Објавена на 18.01.2021 16:07:22