Омнибус

Отворањето на „Супер Марио“ паркот во Јапонија повторно одложено

Отворањето на првиот забавен „Супер Марио“ парк повторно е одложено бидејќи Јапонија се бори со зголемен број случаи со коронавирус, објави фирмата „Јапонски универзални студија“.



-Искрено се извинуваме за непријатностите за гостите кои со нетрпение го чекаа отворањето. Датумот на отворање ќе биде одреден и објавен по укинувањето на вонредната состојба, соопшти компанијата.

Долгоочекуваното пуштање на забавниот парк инспириран од Нинтендо-видеоигрите првично требаше да се случи во јули 2020 година, пред Олимписките игри во Токио. Но, како и Олимпијадата, така и отворањето на паркот беше одложено поради пандемијата, со нов датум – 4 февруари 2021.

Откако оваа недела Владата ја продолжи вонредната состојба во врска со коронавирусот, организаторите одлучија да го одложат отворањето на паркот по вторпат.

Извор:  МИА
Објавена на 14.01.2021 15:16:30