Двојник на Чак Норис кај Капитол стана хит на интернет

Двојник на амерканската акциона ѕвезда Чак Норис во упадот во Капитол, ги збуни обожавателите на актерот и стана еден од хитовите на социјалните мрежи околу бунтот.



Имено, некои твитерџии навистина поверуваа дека Чак Норис учествувал во упадот, па менаџерот на актерот, Ерик Крицер мораше да ги расчисти работите. Се работи за човек што личи на него.

– Ова не е Чак Норис, иако сака да биде како него… Сепак, Чак е поубав. Чак останува на својор ранч во Тексас со своето семејство, изјави Крицер.

Претходно се јавија и многу обожаватели на актерот кои, секако, знаат дека не станува збор за него.

Извор:  МИА
Објавена на 13.01.2021 10:56:25