Омнибус

Луксузен стан на врв од зграда во Флорида вреди 21 милион долари

Стан, што зафаќа цел кат од кулата „Риц-Карлтон резиденции“ во Мајами, Флорида, САД, чини 21 милион долари и е навистина фантастично, луксузно место за живеење.



Апартманот се наоѓа на претпоследниот кат на кулата, а неговата површина е 721 квадратни метри. Има четири спални соби, мини-барови, шест бањи, една голема просторија, дневна соба, семејна соба, голема кујна со фантастичен поглед, вежбална, домашно кино и работна соба. Ѕидовите се направени од стакло и затоа пентхаусот нуди поглед кон целата околина и центарот на Мајами.



Дел од апартманот е надворешна површина од 279 квадратни метри, односно тераси и летна кујна, приватен базен и градина. Дозволата за употреба е издадена на почетокот на минатата година, а живеалиштето го купи за сега неименуван Американец.

Извор:  МИА
Објавена на 13.01.2021 11:06:45