Позната сумата за која Погба ќе се пресели во ПСЖ

Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок, пренесува „Express Sport“.

Според британскиот портал, 27-годишниот Французин ќе ги чини парижаните 101 милион евра.

Оваа сезона, Погба одигра 13 натпревари за премиерлигашот на кои постигна еден гол и направи една асистенција. За Погба интерес покажуваше и италијанскиот шампион Јувентус.

Извор:  МИА
Објавена на 11.01.2021 14:18:53