Омнибус

Огромна дупка се отвори во близина на болница во Неапол

Огромна дупка се отвори рано утрово на паркинг во болницата „Дел маре“ во Неапол, објавија италијанските медиуми.



Засега нема информации за повредени лица. Евакуиран е одделот за Kовид, а во тек е истрага. Полицијата врши истрага што би можело да биде причина за создавање на оваа дупка, која „проголта“ неколку автомобили.

Провалијата е длабока околу 12 метри, а има две илјади квадратни метри, пишува весникот „Република“.

По инцидентот, кој утрово ги разбуди пациентите со голема бучава, болницата е евакуирана, а во нема има прекин на вода. Пожарникари се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да ја обезбедат бездната од натамошно ширење.

Извор:  МИА
Објавена на 08.01.2021 14:10:47